Европски ден на претприемачот
На 9ти Мај, на денот на Европската Унија се оддржа традиционално конференцијата Европски ден на претприемачот во хотелот Александар Палас во Скопје. Настанот го организираше Европската Бизнис Асоцијација, Министерство за Економија, Град Скопје, АППРМ, МРФП, Центарот за развој на нови бизниси, СЕЦИ и Konrad Adenauer Stiftunf.
Во склоп на оваа конференција, ПСМ Фондација имаше своја сесија со наслов “ИКТ, претприемништво и мал бизнис” со која им се презентираше на гостите особено на младите идни претприемачи за тоа како да започнат сопствен бизнис и што се е потребно од идеја, иновација до реализација како и помошта која ја нуди МАСИТ (комората за ИКТ бизниси) при водењето на ИКТ бизиси. Гостите исто така слушнаа дел од успешните македонски ИКТ приказни како и за придобивките од користење на инкубациските услуги на ПСМ Инкубаторот со цел поуспешно водење на бизнисот и реализирање на бизнис идеите.
Три нови станари во Инкубаторот
Во текот на месец мај три нови фирми беа избрани за да влезат и да ги користат услугите на Инкубаторот. Едната фирма е ДТС Корп. ДТС Корп претставува млада и креативна фирма која има за цел да овозможи брз, лесен и едноставен пристап до информации на секој што има потреба од нив.
Главната работна задача на фирмата е поставување на безжични компјутерски мрежи преку кои што ќе се овозможува пристап до интернет и пренос на податоци. Притоа, вака поставените безжични мрежи се под постојан мониторинг од страна на тим од инжењери, со што се овозможува непрекината функционалност на целиот систем.
Во останатите работни задачи на фирмата спаѓаат и изработка на веб страници, веб хостинг и поставување на системи за мониторирање.
Втората фирма е ДИС ДАТА Центер која се занимава со продажба на хардвер и изработка на софтвер за маркетинг работење.
Третата фирма која моментално е во фаза на формално основање ќе работи во насока на развој на софтвер за веб каталог со можност за и онлајн продажба на секакви производи. Со тоа клиентите ќе имаат повеќе информации за производите, на кои места можат да се купат, споредби и цени.
Funky Business - Како да танцувате во современиот бизнис
На 27ми мај во Александар Палас во организација на Triple S Learning се оддржа еднодневен настан, конференција "FUNKY BUSINESS - КАКО ДА ТАНЦУВАТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ БИЗНИС" со Johan Ridderstrаle (бизнис гуру од Шведска) кој за прв пат гостуваше во Македонија со единствена цел - да пренесе дел од своето богато знаење пред нашата публика, нудејќи увид во тајните на успешните технологии на менаџментот и иновациите - нестандардни начини на работење кои обезбедуваат зголемен профит на заситени пазари во кои параметрите на побарувачката не пратат ниедно правило.
На овој настан како резултат на соработката помеѓу ПСМ Инкубаторот и Triple S Learning , сите фирми од Инкубаторот партиципираа со цел подобрување на нивното бизнис познавање и запознавање со менаџерите на поголемите македонски компании.
Запознајте ги станарите на ПСМ Инкубаторот
|
Визија
ПСМ проектот да стане добар модел за претприемништво и креирање на нови фирми во регионот како и пристап кон развој на ветувачки нови бизнис идеи меѓу високо образованите млади луѓе.
Преку своите активности, ПСМ ќе стимулира претприемништво и ќе ги зацврснува линковите помеѓу младите луѓе во Македонија на ова поле со цел да:
- го забрза напредокот на малите и средните претпријатија
- биде мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот |
Цел
Да се привлечат младите кои имаат ИКТ интереси, да им се обезбеди тренинг за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар и ИКТ да стане водечка индустрија во Македонија. |
|
|